Истражувачите на McAfee откриле малициозни мобилни апликации и агресивна рекламна кампања на една од најголемите светски платформи за социјални медиуми и предупредија дека корисниците би можеле да бидат изложени на ризик да бидат нападнати. Како што истакнуваат експертите, на Фејсбук биле промовирани повеќе од десет апликации со софтвер за рекламирање, што резултирало со повеќе од седум милиони преземања.
Ветената функционалност би требало да ја оптимизира мобилната крајна точка и да го елиминира шпионскиот софтвер, рекламниот софтвер и другите малициозни софтвери. Наместо тоа, апликациите прикажуваа реклами, додека често ги менуваа имињата и иконите, со цел да останат на уредот на жртвата што е можно подолго – меѓу другото, тие беа ставени и на Play Store.
Злонамерните апликации се: Junk Cleaner, EasyCleaner, Quick Cleaner, Windy Clean, Meteor Clean, Power Doctor, Super Clean, Full Clean, Clean Cache, Fingertip Cleaner, Carpet Clean, Strong Clean, Cool Clean и Keep Clean. Според веб-страницата Bleeping Computer, сите апликации од Play Store се отстранети.
Апликациите со реклами беа опслужени со искористување на компонентата Андроид Контакт провајдер, што значи дека секој пат кога корисникот инсталира нова апликација, рекламниот софтвер го користи тој потсистем и го започнува процесот на сервисирање реклами. Ова го тера корисникот да мисли дека рекламите ги прикажува новоинсталираната апликација.
Апликациите за рекламирање се всушност постојана услуга за прикажување реклами, а доколку корисникот ја прекине услугата, таа се рестартира веднаш. Апликациите беа преземени од корисници ширум светот, а најмногу се погодени корисниците од Јужна Кореја, Јапонија и Бразил.
Иако отстранувањето на апликациите од Google е секако добредојден потег, тоа не им помага на оние што ги преземале. Сè додека не се отстранат, овие апликации ќе продолжат да бидат вознемирувачки за корисниците, предупредуваат експертите.