Федералните резерви (ФЕД), централната банка на САД, ги намалија каматните стапки за четвртина процентен поен, трето последователно намалување, но оваа корекција беше направена со предупредување дека ќе има помалку намалувања во наредните години.
Федералниот комитет за отворен пазар ФОМС ги намали каматните стапки за 25 базични поени, на опсег од 4,25 до 4,5 отсто, враќајќи ги на нивото забележано во декември 2022 година, кога стапките беа во пораст.
Намалувањето беше очекувано, па сега клучно прашање е сигналот од ФЕД дека инфлацијата е се уште висока и ја надминува целта за солиден економски раст. Со намалувањето на каматните стапки за 25 базични поени, ФЕД посочи дека до крајот на 2025 година би можеле да следат само уште два слични потези. Проекциите вклучуваат дополнителни намалувања од четвртина поен во 2026 година и по еден во 2027 година.
Членот на одборот Бет Хамек воопшто не се согласуваше со намалувањата и гласаше против.
Федералната каматна стапка директно влијае на меѓубанкарските заеми, но и на личните заеми, вклучително автомобилски кредити, кредитни картички и хипотеки. Претседателот на ФЕД Џером Пауел рече дека намалувањето на стапката претставува прилагодување на монетарната политика, дека инфлацијата е сè уште тврдоглаво висока и дека понатамошните потези ќе зависат од тоа.