По нивната дводневна сесија, лидери на американските централни банки, објавија дека основните каматни стапки ќе останат ниски, близу до нула и ќе продолжат да купуваат обврзници се додека состојбата на пазарот на трудот не се подобри и инфлацијата достигне 2 проценти.
Ова значи дека ФЕД ќе одржува висока ликвидност на пазарите, со ниски цени на парите, сè додека економијата не се најде на патот кон закрепнување од коронската криза.
Лидерите на ФЕД исто така ги подобрија своите економски проценки и сега очекуваат бруто домашниот производ (БДП) да падне само 2,4 проценти оваа година, наспроти 6,5 проценти во јуни.
Следната година, според проценките, растот може да достигне 4,2 проценти, наспроти 4 проценти претходно.