ПОВЕЌЕ

    ФД КРЕДО КАРД дел од регионалната конференција за микрофинансии “Microbalkans 2024” во Сараево

    Време зa читање: 2 минути

    ФД Кредо Кард, како дел од групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанска Комора на Македонија, зема учество на престижната регионална конференција „Microbalkans 2024“ на 31 октомври и 1 ноември 2024 година во Сараево-Босна и Херцеговина.

    На овој престижен настан има над 200 учесници, вклучувајќи лидери на финансиски и микрофинансиски институции, експерти за дигитална трансформација, претставници од централните банки, регулатори, правни советници, провајдери на информациски технологии и други важни чинители на екосистемот, од регионот и пошироко.

    Оваа конференција е клучна за поставување на основите за создавање на заедничка платформа за поддршка на микрофинансискиот сектор. На овој настан ќе се потпише меморандум за соработка помеѓу микрофинансиските институции од Западен Балкан. Преку оваа платформа, земјите од регионот, вклучувајќи ја и Северна Македонија, ќе имаат пристап до дополнителен капитал, гаранции за финансирање и техничка поддршка, како и до ресурси кои се достапни во ЕУ.

    Ваквата иницијатива претставува важен чекор кој ќе помогне во градење на посилен имиџ на микрофинансиските институции како носители на социјална одговорност и поддржувачи на одржливиот развој, воедно создавајќи услови за подобрување на финансиската инклузија и економскиот развој на регионот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично