Стопанска банка АД Скопје ги известува своите соработници дека поради престанување на важноста на владината Уредба со законска сила за примена на Законот за данокот на додадена вредност за време на вонредна состојба, почнувајќи од 21.09.2020 година, нема да прифаќа доставување на фактури за плаќање по електронски пат.
Комитентите на Банката, почнувајќи од 21.09.2020 година, фактурите треба да ги доставуваат во хартиена форма до Писарницата на Банката.