Во периодот од 01.01.-30.09.2022 година Факом АД оствари позитивен финансиски резултат во износ од 142.681 ден. или за -60% помала во однос на добивката за истиот период од 2021 година која изнесуваше 353.844 ден. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество со 83% имаат приходите од продажба на странски пазар кои во споредба со остварените во 2021 год. бележат пораст од 82%. Вкупните оперативни приходи во периодот 01.01-30.09.2022 се зголемени за 37% во однос на 2021 год., финансиските приходи исто така се зголемени по основ на зголемените приходи од позитивни курсни разлики од работењето. Вкупните приходи за 01.01.-30.09.2022 год. се зголемени за 37% во однос на истиот период за 2021 год.
Во периодот од 01.01-30.09.2022 година, оперативните расходи се зголемени за 38% во однос на истиот период 2021 год. Зголемувањето на расходите се должи пред се на зголемените трошоци за суровини и материјали, зголемените трошоци на вработени и останатите расходи од работењето.
Исплатени дивиденди: Согласно Одлуката бр.10/2022 од 04.07.2022 г. донесена на Годишното собрание на акционери на Друштвото исплатена е дивиденда на акционерите во законски определениот рок. Износ на дивиденда за една акција во нето износ изнесува 108,81 денари.
Промени во кредитните задолженија: Друштвото редовно ја отплатуваше главнината и каматата на краткорочниот револвинг кредит спрема деловната банка. Вкупните обврски по основ на кредити на 30.09.2022 изнесуваат 263.790.682 ден.
Вкупните инвестиции во основни средства изнесуваат 9.015.593 денари.
План и очекувања на менаџментот за престојниот период
Друштвото досегашното свое работење го извршуваше во согласност со своите утврдени стратешки цели и деловната политика со цел унапредување и постигнување на подобри рзултати во своето работење. Со над 80% од производните капацитети ќе биде нашето ангажирање во странство. Но ФАКОМ мора да ја задржи и да ја надгради позицијата на препознатлива успешна компанија за челични конструкции и опрема во земјата и странство, кои ќе бидат произведени по највисоки стандарди и по квалитет и со конкурентни цени на пазарот.
Компанијата ги следи економските трендови во националната, регионалната и глобалната економија со цел да се здобие со информации корисни за процесот на одлучување. Светската енергетска криза делува на нашето работење и нашата компанија ќе ги превземе сите неопходни активности за прилагодување кон новонастанатата состојба, одржување на квалитетот на производите и изнаоѓање на флексибилни решенија со цел да се одржат и да се негуваат односите со нашите стратешки клиенти и партнери.
Како најголем предизвик и прв приоритет за периодот што доаѓа и понатаму останува грижата за нашите вработени во делот на подобрување на работните услови како и зголемување на нивната безбедност, одржување на тековната ликвидност, на финасиската стабилност и остварување на планските задачи.