ПОВЕЌЕ

    Фабрика Карпош ставена на берзанската Листа за набљудување

    Време зa читање: < 1 минутa

    Скопската Фабрика Карпош е ставена на Листата за набљудување, откако Сервис Петрол соопшти дека има намера да даде понуда за преземање на друштвото.

    „Ве известуваме дека е донесен заклучок за внесување на издавачот Фабрика Карпош АД Скопје на „Листата за набљудување“ што се објавува на веб страница на Берзата, согласно член 61-а од Правилата за котација.

    Внесување на друштвото Фабрика Карпош АД Скопје на „Листата за набљудување“ е со цел за обрнување на внимание на инвеститорската јавност поради објавената намера за давање понуда за преземање на друштвото“, информираат од Македонска берза.

    Сервис Петрол минатата недела стана сопственик на 74,89 проценти од акционерскиот капитал на Фабрика Карпош, односно на 224.000 обични акции.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично