ПОВЕЌЕ

    Фабрика Карпош без забелешки за понудата за преземање од Сервис Петрол

    Време зa читање: < 1 минутa

    Надзорниот и Управниот одбор на Фабрика Карпош АД Скопје објавија мислење по понудата за преземање поднесена од Сервис Петрол ДОО Скопје, која се однесува на купување на 62.078 обични акции по цена од 350 денари по акција.

    Во соопштението се наведува дека понудената цена е еднаква на просечната берзанска цена во периодот пред објавата на намерата за преземање и повисока од цената по која преземачот претходно ги стекнувал акциите. Сервис Петрол во моментот поседува 224.000 обични акции или 74,89 отсто од основната главнина на друштвото.

    Според Проспектот за преземање, трансакцијата нема да има негативно влијание врз бројот на вработени, а во иднина се очекува и потреба од нови вработувања. Членовите на Надзорниот и Управниот одбор не поседуваат акции во Фабрика Карпош, додека претседателот на НО, Киро Стефанов, кој е еден од сопствениците на преземачот, има удел од 58,97 проценти во главнината на друштвото.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично