ПОВЕЌЕ

    Шведска со најголем број вработени во дејностите спорт и фитнес

    Време зa читање: 2 минути

    Во вториот квартал на 2020 година, 801 700 лица на возраст над 15 години во ЕУ биле вработени во секторот за спорт и фитнес, што претставува 0,4% од вкупниот број на вработуени,   согласно податоците на „Евростат“.

    Поголемиот дел од спортските работници биле мажи (57%) и скоро еден од двајца спортски работници (48%) биле на возраст од 15-34 години. Скоро третина (30%) биле на возраст од 35-49 години и 23% биле на возраст од 50 години или повеќе.

    Спортските и фитнес работниците се меѓу оние професии што најверојатно ќе бидат погодени од мерките кои се спроведуваат како одговор на пандемијата Ковид -19. Во споредба со првиот квартал од 2020 година, вкупниот број на спортски работници се намали за 6%. Младите спортски работници на возраст од 15-34 години беа најпогодени (-18% кај жени, -13% кај мажи).

    За ЕУ како целина, имало 215 спортски работници на 100 000 жители на возраст од 15 и повеќе во вториот квартал на 2020 година.

    Меѓу одделните земји-членки на ЕУ, Шведска забележа далеку највисока стапка на спортски работници (583 на 100 000 жители на возраст од 15 и повеќе години), следи Кипар (340), Ирска (327), Финска (316) и Данска (310) .

    Спротивно на тоа, најниски стапки се регистрирани во Белгија (81 спортски работник на 100 000 жители на возраст од 15 и повеќе години) и Романија (87),  Полска (109), Чешка (123) и Словачка (128).

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично