ПОВЕЌЕ

    Европските берзански индекси во пораст, Волстрит закрепнува, нафтата 79 долари

    Време зa читање: < 1 минутa

    Европските и американските берзански индекси денеска главно се во пораст, бидејќи ублажувањето на стравувањата од рецесија во Соединетите Американски Држави придонесе за подобро расположение на пазарите, особено на Волстрит во Њујорк.

    Кон крајот на минатата недела инвеститорите почнаа масовно да продаваат акции поради стравувањата дека американската централна банка ФЕД доцни со намалување на каматните стапки, но ситуацијата на берзите сега постепено се стабилизира, пренесува Блумберг.

    Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:30 часот порасна на 17.693,25 поени, британскиот FTSE 100 на 8.173,44 поени, францускиот CAC 40 на 7.270,80 поени, додека московскиот MOEX падна на 2.840,4 поени.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично