ПОВЕЌЕ

    Европската комисија: Враќање на ЕУ на ниво пред пандемијата може да биде само на крајот на 2022

    Време зa читање: 2 минути

    Европската комисија во најновата економска прогноза за крајот на 2020 година предвидува економски пад од 7,8 проценти на ниво на еврозона, или 7,4 на ниво на ЕУ.

    За 2021 година е предвидено економско закрепнување од 4,2 проценти од БДП, или 4,1 процент во 2021 година и 3 проценти во 2022 година.

    Ова значи дека БДП на целата ЕУ ќе го достигне нивото што го имаше пред пандемијата на крајот на 2022 година, вели европскиот комесар за економија Паоло Џентилони.

    Европската комисија забележува дека е тешко да се направи економско предвидување во ваква „неизвесна ситуација“ што тие ја опишуваат како најдлабока рецесија во историјата на ЕУ.

    Економскиот пад во првата половина на 2020 година беше придружен со силно закрепнување во третиот квартал поради олеснувањето на мерките за затворање. Во последниве недели, пандемијата ја поврати својата сила, воведени се нови мерки за затворање, а економското закрепнување е суспендирано, вели Џентилони.

    Европската комисија вели дека очекуваат некои мерки за затворање да се одржат до крајот на прогнозираниот период (2022 година), но се очекува постепено олеснување во текот на 2021 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично