ПОВЕЌЕ

    „Европа“ ќе дели дивиденда по 50 денари за акција

    Време зa читање: < 1 минутa

    Бруто износ од 11.501.700 денари или околу 186,88 илјади евра се предвидени за дивиденда што ќе ја поделат акционерите за успешното работење на „Европа“. За овој предлог ќе се гласа на акционерското Собрание што треба да се одржи на 4 јули.

    Износите ќе се пресметуваат по сума од 50 денари бруто за акција, а исплатата ќе биде во готовина.

    Последен ден на тргување со право на дивиденда е 22 јули. А, датумот според кој ќе се утврдува листата на акционери кои имаат право на дивиденда е 24 јули.

    Минатата деловна година ова акционерско друштво ја заврши со нето-добивка од 33.478.416 денари (близу 544 илјади евра). Освен за дивиденда, дел од парите – 21.976.716 денари (357 илјади евра) се издвоени како нераспределена добивка.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично