ПОВЕЌЕ

    Европа доби нов лидер во производството на сладолед

    Време зa читање: < 1 минутa

    Германија е најголемиот производител на сладолед во Европската унија, со што германските производители на сладолед ја потиснаа Италија од водечката позиција.

    Кога станува збор за извозот на сладолед надвор од ЕУ, Франција и Холандија го заземаат првото и второто место, покажа извештајот на Евростат што се однесува на 2019 година. Во 2019 година, ЕУ произведе вкупно повеќе од три милијарди литри сладолед, што е за шест проценти повеќе од една година порано. Во исто време, вкупниот извоз на сладолед од ЕУ во земји кои не се членки на ЕУ е 222.000 тони сладолед, со вкупна вредност од 723 милиони евра.

    Увозот на сладолед од земји кои не се членки на ЕУ во земјите членки на ЕУ изнесуваше 82.000 тони со вкупна вредност од 180 милиони евра.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично