ПОВЕЌЕ

    Еве ги најдобрите јазици кои ќе ви помогнат да најдете работа

    Време зa читање: 3 минути

    Според анализата на специјализирани светски портали, познавањето странски јазици кои обезбедуваат можности за работа не е променето во последните, најмалку пет, до шест години. Овие секако се англиски, германски, француски, португалски и кинески.

    Англискиот јазик може да се нарече „крал на работните места“. Овој јазик, дефинитивно, доминира на списокот на најбараните деловни важни јазици во светот. Се зборува во 94 земји, а има дури 339 милиони од оние кои го нарекуваат „мајчин“. Тој е официјален јазик на повеќето меѓународни организации и во повеќето земји во светот, се учи во училиштата, од првите училишни денови. Ако знаете англиски, ќе имате повеќе можности да се вработите отколку некој друг со исто CV, но без познавање на овој јазик. Може да се каже дека познавањето на англиски јазик е потребно за секој што сака да напредува.

    Кинескиот јазик е најчесто говорен јазик во светот. Го нарекуваат мајчин јазик повеќе од 955 милиони луѓе, скоро 15 проценти од светската популација. Кинескиот пазар доживува импресивен раст. Кинеските компании се шират на глобално ниво. Тие се повеќе се присутни во меѓународната трговија, но и во туризмот. Од овие причини, кинескиот јазик стана еден од најбараните кај работодавците. Лице кое знае кинески нема да има многу проблеми да најде работа.

    Познавањето на шпански јазик е исто така многу пожелно, кога станува збор за работен ангажман. Некои земји принудуваат на учење на овој јазик во училиштата.

    Арапски јазик зборуваат 295 милиони луѓе ширум светот. Тој е официјален јазик во 28 земји, од кои повеќето имаат многу моќни економии. Лесно е да се најде работа со него во трговија, туризам, и слично.

    Според неофицијални проценки, околу 210 милиони луѓе зборуваат германски јазик, додека 95 милиони го сметаат за свој мајчин јазик. Се разбира, не само што е потребно за работа во Германија, туку и во многу други европски земји, како што се Австрија, Белгија, Швајцарија, Луксембург или Лихтенштајн.

    Португалски јазик го зборуваат околу 215 милиони луѓе. Земјите во кои овој јазик е официјален, освен Португалија, Бразил, но и области во Африка. Најмногу поради населението во Бразил, португалскиот е втор најчест јазик во Јужна Америка, по шпанскиот.

    155 милиони луѓе го сметаат рускиот за мајчин јазик. Интересно, ова е втор најчесто користен јазик на веб-порталите, по англискиот. Компаниите високо го ценат познавањето на овој јазик, имајќи предвид дека тој е огромен пазар за сите стоки и услуги.

    Францускиот јазик е официјален јазик во 39 земји во светот, а 75 милиони луѓе го сметаат за свој мајчин јазик. Тој е еден од најпопуларните јазици во светот, но не е од оние на кои работодавците инсистираат премногу често. Иако англискиот јазик во голема мера го замени, сепак се смета за дипломатски јазик.

    Јапонскиот јазик го зборуваат 130 милиони луѓе, но претежно само во Јапонија. Бидејќи ова е земја која е една од најиновативните во технолошка смисла, тој што ќе реши да научи јапонски јазик, тешко може да остане без добра работа.

    Хинди е петти најкористен јазик во светот. Повеќе од 260 милиони луѓе го сметаат за мајчин јазик. Не е еден од најбараните јазици во деловна смисла, но поради бројот на луѓе во Индија, сепак е интересен бидејќи дава посебни можности за разни работни места поврзани со оваа земја.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично