ПОВЕЌЕ

    Еуростандард Банка со Јавна понуда до клиентите – физички лица за промена на договорните услови за кредитни производи

    Време зa читање: 7 минути

    Врз основа на Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за методологијата за управување со кредитниот ризик на НБРСМ (Сужбен весник на РСМ бр.76/20 од 24.03.2020 година) и Уредбата со законска сила за начинот на промената на договорните услови на кредитните изложености кај банките и штедилниците (Службен весник на РСМ бр.80 од 27.03.2020 година), со цел ублажување на последиците од пандемијата на COVID-19, Еуростандард Банка АД Скопје на ден 07.04.2020 година, ја објавува следната

    ЈАВНА ПОНУДА

    За промена на договорни услови за кредитните производи на физички лица

    Понудата се однесува за сите физички лица, клиенти на Банката кои се корисници на кредитни производи и кредитни картички, со класификација на категорија на кредитен ризик А, Б и В кои немаат статус на нефункционална изложеност на 29.02.2020 година.

    Понудата се однесува на следните производи:

    I. Корисници на кредит
    II. Корисници на ДОЗВОЛЕНО ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ на трансакциска сметка
    III. Корисници на КРЕДИТНИ КАРТИЧКИ

    ДОГОВОРНИ УСЛОВИ ЗА СИТЕ ТИПОВИ ПРОИЗВОДИ

    Сите физички лица – должници кои ги исполнуваат условите на оваа Понуда, а кои сакаат да продолжат со редовна отплата на истите без промена на договорните услови, во рокод 10 (десет) дена од објавата на оваа Понуда, односно најдоцна до 17.04.2020 година, задолжително е да ја ОДБИЈАТ понудата.

    Известување испраќаат исклучиво клиентите кои ја ОДБИВААТ Понудата, и тоа само преку ЕДЕН од понудените начини за известување наведени во продолжение:

    А. Директно известување по електронски пат во било кое време во наведениот рок од 10 дена, на е-адреса: [email protected], во кое ги наведувате Вашата трансакциска сметка, име и презиме и датум на раѓање.

    Б. Писмено известување на следната адреса: Никола Кљусев бр.2, 1000 Скопје, со назнака „Одбивање на Понуда“, при што во самиот документ треба да наведете име и презиме, датум и своерачен потпис, како и да се идентификувате со број на Вашата трансакциска сметка и Датум на раѓање.

    Сите писмени известувања, кои ќе бидат примени во архивата на Банката на горенаведената адреса или испратени по пошта со поштенски печат на ковертот во рокот додека важи Понудата, односно заклучно со 17.04.2020 година, ќе бидат прифатени согласно важноста на Понудата.

    Правно дејство на Понудата:

    Променетите услови кои произлегуваат од оваа понуда произведуваат правно дејство спрема должниците, солидарните должници и заложните должници без склучување на нови договори/анекси кон договорите. Правното дејство на променетите услови има важност на целокупна договорна пропратна документација (амортизациони планови, трајни налози и друга документација), сите нотарски исправи и обезбедувања (договори за залог владетелски-невладетелски, меници, гаранции, договори за осигурување/полиси за осигурување, договори за пристапување кон долг, и останати договори за било какво друго обезбедување) и тоа без склучување на нови договори/анекси кон постоечките договори, нотарските исправи и останатите инструменти на обезбедување, како и без да се врши промена на веќе запишаните податоци во јавните книги и регистри. Понудата е неделива и важи само со кумулативно исполнување и прифаќање на сите погоре наведени услови и за сите кредитни производи на клиентот во Банката.

    Останати договорни одредби:

    Сите останати договорни одредби од постоечките договори, кои не се опфатени во оваа понуда, остануваат во важност за цело времетраење на договорите, вклучувајќи го износот на доспеаните, а неплатени обврски, во периодот пред објава на оваа Понуда. Со објавувањето на оваа Понуда на веб-страницата на Банката, се смета дека Понудата е доставена до сите физички лица корисници на кредитни производи, солидарните должници и заложните должници, на денот на објавувањето.

    Физичките лица кои ја ПРИФАЌААТ Понудата НЕ ИСПРАЌААТ никакво известување до Банката и договорните услови се сметаат за променети согласно оваа Понуда на 17.04.2020 година.

    Физичките лица кои што нема да ја одбијат Понудата на Банката до 17.04.2020 година, се смета дека ја прифатиле Понудата, со што сите услови од оваа Понуда стануваат полноважни и се сметаат за составен дел на склучените договори со физичките лица корисници на кредитни производи, солидарните должници и заложните должници, како и на целокупна договорна пропратна документација и на сите нотарски исправи и обезбедувања без склучување нови договори и/или анекси.

    I. Корисници на кредит

    1. Грејс период за отплата од 6 (шест) месеци, почнувајќи од април 2020 година, a заклучно со септември 2020 година во кој период нема да достасуваат месечните ануитети по кредитите.
    2. Продолжување на крајниот рок на отплата на кредитот за период од 6 (шест) месеци.
    3. Пресметаната камата за цело времетраење на грејс периодот рамномерно ќе се распореди за наплата во ануитетите согласно новиот амортизационен планБанката нема да пресметува камата на распоредената камата.
    4. Трајниот налог и административната забрана ќе бидат ставени во мирување заклучно со 30.09.2020 година.Ве молиме да го известите Вашиот работодавач за време на грејс периодот административната забрана за отплата на кредитот да биде ставена во мирување.
    5. Самостојни уплати на кредитната партија се дозволени за време на грејс периодот.Банката овие уплати ќе ги евидентира на следниот начин:
    6. за кредитна партија со недоспеани обврски, ќе се сметаат како примени аванси во текот на грејс периодот, кои во септември 2020 година кумулативно ќе се евидентираат како уплата за предвремена отплата на недоспеаната главница, без доставување на писмено барање од страна на корисникот на кредитот.

    б. за кредитна партија која има доспеани обврски, ќе се сметаат за затворање на доспеаните обврски по редослед и во рок предвиден во Договорот за кредит. За уплатите кои ќе следуваат по затворање на доспеаните обврски, ќе се постапува согласно точка 5, став а. од оваа Понуда

    1. Нов Амортизационен план за отплатаПо евидентирање на сите промени на кредитното салдо предвидени во точка 3 и 5 од оваа Понуда, како и согласно промената одточка 2, во септември 2020 година, Банката ќе изготви нов амортизационен план на отплата на кредитот и почнувајќи од октомври 2020 година ќе продолжи со редовно доспевање на ануитетите по кредитот. Банката ќе го извести корисникот на кредитот за новиот износ на ануитетот на начин предвиден во Договорот за кредит.
    2. Затворање на кредит во текот на грејс периодот:Доколку корисникот на кредитот, во текот на грејс периодот изврши целосна отплата на кредитот, се применуваат одредбите предвидени во Договорот за кредит.

    II. Корисници на ДОЗВОЛЕНО ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ на трансакциска сметка

    Во периодотод 01.04.2020 до 30.09.2020 година секоја дополнителна уплата од страна на корисникот ќе го намалува долгот по основ на искористено пречекорување и истиот ќе биде повторно на располагање на корисникот.

    Камата: Во наведениот период, Банката ќе пресметува и наплатува камата согласно одредбите предвидени во Договорот со кој е регулирано дозволено пречекорување.

    Рокот на користење на дозволеното пречекорување, Банката автоматски го продолжува до 30.09.2020 година (без намалување на одобрениот износ и без оглед дали на сметката стасува редовен месечен прилив). По 30.09.2020 година, ќе се применуваат редовните одредби предвидени во Договорот со кој е регулирано дозволеното пречекорување.

    III. Корисници на КРЕДИТНИ КАРТИЧКИ

    1. Промотивна каматна стапка: Износот на редовна камата за отплата на искористениот дел од кредитниот лимит ќе изнесува 6,0% заклучно со 30.09.2020 година.
    2. Грејс период: Во периодот од 6 (шест) месеци, од април до септември 2020 година, износот на месечниот минимум за плаќање ќе изнесува 3% од искористениот кредитен лимит на крајот од месецот.
    3. Самостојни уплати на кредитната картичка:За време на промотивниот период корисникот има право самостојно да врши уплати на кредитната картичка. Сите уплати на сметката на кредитната картичка, ќе се евидентираат како приливи на сметката и со истите ке се намалува долгот согласно одредбите од Договорот за кредитна картичка и ќе бидат на располагање на корисникот за користење со картичката.

    Напомена: Промотивната понуда за кредитни картички се однесува на сите клиенти – физички лица и истата се смета за важечка од моментот на оваа објава, при што корисниците не треба по истатата да се изјаснуваат дали ја прифаќаат или не.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично