Европската Комисија се подготвува за прекини на струја и други итни случаи во рамките на Европската Унија, објави медиумската група RND, цитирајќи висок претставник на ЕУ, поради загриженоста за конфликтот во Украина и можната енергетска криза во Унијата. Падот на рускиот извоз на фосилни горива во блокот натера неколку држави на ЕУ да спроведат вонредни планови што може да доведат до рационализирање додека се тркаат да најдат алтернативни залихи.
„ЕУ се подготвува за две сценарија. Во првото сценарио, само мал број земји-членки се погодени од инцидент како што е прекин на струја и други земји на ЕУ можат да ги снабдуваат со електрична енергија погодените членки“, изјави во вторникот комесарот за управување со кризи на ЕУ, Јанез Ленарчиќ, цитиран од РНД.
Но, ако голем број држави бидат погодени во исто време, земјите од блокот ќе мора да ги ограничат испораките на итна помош до другите членки и Комисијата би можела да ги покрие потребите преку својата стратешка резерва, додаде Ленарчиќ.
„Сосема е можно помош при катастрофи да биде потребна и во рамките на ЕУ“, рече Ленарчиќ.
Во април, по руската инвазија на Украина, Комисијата соопшти дека започнала операција за складирање залихи за да ја зајакне својата одбрана од хемиски, нуклеарни и биолошки инциденти.