Европската унија го објави списокот со 17 земји кои ги смета за даночни раеви, односно црна листа на земји кои се поврзани со даночни измами.
На црната листа се најдоа Американска Самоа, Бахреин, Барбадос, Гренада, Гуам, Јужна Кореја, Макао, Маршалските Острови, Монголија, Намибија, Палау, Панама, Света Луција, Самоа, Тринидад и Тобаго, Тунис и Обединетите Арапски Емирати.
Постои и „сива листа“ од 44 земји, кои се обврзаа да се усогласат со ЕУ во борбата против даночната измама, а во која се вклучени Србија, БиХ, Македонија, Црна Гора, Хонг Конг, Швајцарија, Турција, Jерси, Бермуди, Кајман Острови.
На црната листа не се најде Луксенбург кој меѓународна мрежа на новинари го обвини дека продолжил да толерира лажни компании и даночни затајувања.
Проценката од четири милиони документи минатата година покажа дека многу фиктивни компании во Луксембург имале нетранспарентни сопственички структури и деловни практики.