ПОВЕЌЕ

    ЕСМ: Наместо скапа струја, ќе се увезе јаглен

    Време зa читање: 2 минути

    Енергетскиот шок предизвикан од високата цена на струјата власта ќе го амортизира со активирање на третиот блок на РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј. Ќе се зголеми ископот на сопствен јаглен и ќе се набавува од надвор. Пресметките покажале дека поевтино е од јагленот да се произведе и продаде струја, отколку да се купува на берза, по цена која изминативе месеци урива рекорди. Според директорот на ЕСМ, до сега цената на електричната енергија е тројно зголемена на регионалните берзи, а не се знае ни дали ќе ја има доволно.

    – Од 56 евра за мегават час цена што беше до пред неколку месеци, сега цените се движат меѓу 140 и 170 евра за мегават час и нема најава дека ќе се намалат. Со нашиот план за ископ на јаглен и производство на електрична енергија, АД ЕСМ има стабилно производство и ги задоволува потребите на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум за снабдување на домаќинствата, по цена значително пониска од пазарната, со цел да не се почувствува ценовен шок кај граѓаните, изјави Васко Ковачевски, директор на ЕСМ.

    За разлика од домаќинствата, чија цена до Нова година ќе остане непроменета, на стопанството му се заканува ценовен шок, затоа што тие купуваат струја на слободниот пазар. Таму цените секојдневно растат, а според најавите, трендот нема да запре. Затоа ЕСМ вишокот произведена струја планира да им го продава на фирмите, но по цена повисока од таа на ЕВН ХОУМ, која е наменета за домаќинствата.

    – Со тоа ќе оствариме приход како компанија и држава, а ќе го стабилизираме и ценовниот шок на кој сега се изложени и уште повеќе ќе бидат стопанаството, но и институциите кои со електрична енергија се снабдуваат на слободниот пазар. Набавката на јаглен и зголеменото производство на АД ЕСМ ќе значи и зголемување на бруто домашниот производ, поттикнување на компаниите и бенефит за стопанството, а со тоа и стабилност во државата, предочи Ковачевски.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично