ПОВЕЌЕ

    Илон Маск стана петтиот најбогат човек во светот, „тежок“, 74 милијарди долари

    Време зa читање: < 1 минутa

    Вредноста на акциите на „Тесла“, продолжуваат да растат, а со тоа и Илон Маск го зголеми своето богатство. Акциите на „Тесла“, достигнаа цена од 1.643,00 долари, што е за 300 проценти повеќе отколку во јануари 2020 година.

    Сега, „Тесла“, вреди повеќе од „Генерал Моторс“, „Форд“, „БМВ„ и „Ферари“, ги надмина  ривалите и стана највредниот производител на автомобили во светот.

    На прашањето за неговото богатство, основачот на Тесла, Маск, истакнал:

    „Овие бројки се зголемуваат и паѓаат, но она што е навистина важно е создавање на одлични производи што луѓето ги сакаат”, рече Маск.

    Маск имал нешто помалку од 25 милијарди долари во март и бил на 31  место на листата на „Форбс“. Оттогаш, неговото богатство е зголемено за трипати.

    Сега тој е само зад основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг, кој е четврти најбогат, Бил Гејтс, Бернард Арно и Џеф Безос.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично