ПОВЕЌЕ

    Елена Петрова ќе раководи со УЈП, Бобан Николовски на Царина

    Време зa читање: 2 минути

    Елена Петрова е новата директорка на Управата за јавни приходи, а Бобан Николовски на Царинската управа. Именувањата се дел од одлуките донесени на првата владина седница.

    Петрова и е позната на јавноста како дополнителен заменик-министер за финансии во последната техничка Влада. Зад себе има повеќе од 25 години искуство во УЈП, каде што била и на позицијата управник на Дирекцијата за големи даночни обврзници. Таа е дипломиран економист со активно учество во неколку управни одбори. Поседува бројни лиценци и сертификати, вклучувајќи обуки и соработки со Светска банка, ММФ и други меѓународни организации, се вели во образложението на Владата.

     

    На директорската функција во Царината, каде што има 15-годишен стаж, Николовски доаѓа од позицијата пратеник во македонското Собрание. Инаку, бил и директор на ЈП „Куманово план“. Тој има магистратура по бизнис, минал десетици обуки и поседува лиценци за царинско работење.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично