ПОВЕЌЕ

    Експозитурите и филијалите на Комерцијална банка ќе работат до 14:00 часот

    Време зa читање: < 1 минутa

    Комерцијална банка АД Скопје ги известува клиентите дека согласно владината Одлука за дополнителна забрана за движење на граѓаните, од среда 08.04.2020 година се менува работното време на експозитурите и филијалите.

    Сите експозитури и филијали од понеделник до петок ќе работат од 08:00 до 14:00 часот, а во сабота нема да работат. Истото работно време ќе го има и Контакт центарот на Банката.

    Со непроменето работно време се Техничката поддршка за Интернет банка (08:00-19:00 од понеделник до петок, 08:00-14:00 во сабота) и Центарот за авторизација на картичките (24/7).

    Комерцијална банка повторно апелира до клиентите своите финансиски потреби што е можно повеќе да ги ивршуваат преку широката мрежа на банкомати (исплата и уплата на готовина), а 24 часа во денот на располагање се достапни и каналите за електронско банкарство, кои овозможуваат голем број услуги.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично