ПОВЕЌЕ

    ЕКСПО 2025 во Осака: Македонија ноосител на престижната награда „Развивање на темата“

    Време зa читање: 2 минути

    Наградата за развивање на темата – „Theme Development Award“ и припадна на Македонија на Светската изложба ЕКСПО 2025 во Осака. Тоа е едно од најзначајните признанија што ги доделува Меѓународното биро за изложби (BIE).

    Признанието ја вреднува креативноста, концептуалната јасност и автентичниот начин на кој националниот павилјон ја оживува централната тема на ЕКСПО 2025 – „Дизајнирање на иднината за нашите животи“. Македонскиот павилјон преку иновативен пристап, културно наративно ткаење и современа визуелна презентација успеа да ја раскаже приказната за земјата како мост меѓу традицијата и иднината, со фокус на поврзување на луѓето, архитектурата и хуманоста.

    Успехот е резултат на координирани напори на Генералниот секретаријат на Владата, предводени од Кристина Ризовска Кутретински – Генерален комесар за Експо Осака 2025, во соработка со стручен тим од претставници, дизајнери и институции.

    Клучна улога во развивањето на концептот и визуелниот идентитет на павилјонот имаше маркетинг агенцијата „Бокс Дигитал“, која го осмисли и реализира креативниот концепт и комуникациската стратегија што ја поставија Македонија како современ, поврзувачки и визионерски учесник на ЕКСПО 2025.

    „Оваа награда е признание за визијата и тимската работа со која ја презентиравме Македонија на глобалната сцена. Успеавме да ја раскажеме нашата приказна на начин кој е препознатлив, модерен и длабоко поврзан со темите на ЕКСПО 2025“, изјави Кристина Ризовска Кутретински.

    Наградата беше објавена и доделена на свечената церемонија по повод BIE Day – 12 октомври 2025, со што македонскиот павилјон се вброи меѓу најуспешните учесници на овој глобален настан.

    ЕКСПО 2025 во Осака се одржува под покровителство на Меѓународното биро за изложби, со учество на над 160 земји и организации. Наградите за учесници се доделуваат од меѓународно жири, кое ги оценува павилјоните според четири категории: архитектура, дизајн на изложба, одржливост и развивање на темата – најпрестижната категорија која ја нагласува способноста на павилјоните да ја претстават централната тема на Експото на инспиративен и иновативен начин.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично