ПОВЕЌЕ

    РАНГИРАЊЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ СПОРЕД ПРОФИТАБИЛНОСТА – кои се најуспешни, а кои работат со загуба?

    Време зa читање: 9 минути

    Вкупно 90 компании, чии акции котираат на Македонската берза, досега доставија неревидирани годишни финансиски извештаи кои ја отсликуваат нивната финансиска кондиција во 2023 и во 2022 година. Податоците покажуваат дека банкарскиот, фармацевтскиот, телекомуникацискиот и градежниот сектор ја завршија минатата година со најголеми добивки и важат се најуспешни компании во земјава.

    Но, според растот на профитабилноста, сликата е доста шарена и покажува дека многу помали компании успеале во 2023 година да постигнат вистински бум во однос на профитите, чиј раст се мери со над 1.000%!

    Пари направи анализа на билансот на успех на 90 компании, кои согласно правилата за котација на Македонската берза преку СЕИ-НЕТ ги објавија своите неревидирани неконсолидирани финансиски извештаи за 2023 година.

     

    КОИ КОМПАНИИ ОСТВАРИЛЕ НАЈГОЛЕМА ДОБИВКА ВО 2023 година?

    Банкарскиот сектор ги зафаќа првите три позиции. На чело е Комерцијална банка со остварена добивка од 3,6 милијарди денари. Втора е Стопанска банка АД Скопје со вкупна добивка од 3,5 милијарди денари, а на третото место е НЛБ банка со вкупен профит во 2023 година од 3,2 милијарди денари.

    После банките следува Македонски телеком со остварена добивка од 2,1 милијарда денари. На петтата позиција е Алкалоид со профит од 1,52 милијарди денари, а веднаш зад него е Цементарница Усје со за нијанса помала добивка, која изнесува 1,51 милијарда долари. И со неа завршува „клубот на милијардери“.

     

    Рангирање на компании според висина на добивка во 2023 година

    Ранк 2023 Ранк 2022 Компанија Добивка 2023

    (во денари)

    1 3 Комерцијална банка АД Скопје 3,581,433,000
    2 2 Стопанска банка АД Скопје 3,469,601,000
    3 1 НЛБ банка АД Скопје 3,216,860,000
    4 4 Македонски телеком АД Скопје 2,080,351,000
    5 5 Алкалоид АД Скопје 1,520,547,000
    6 8 Цементарница УСЈЕ АД Скопје 1,509,491,000
    7 6 Макпетрол АД Скопје 935,716,000
    8 9 Мермерен комбинат АД Прилеп 843,234,000
    9 33 ЗК Пелагонија АД Битола 504,088,000
    10 11 УНИ банка АД Скопје 476,510,000
    11 15 Гранит АД Скопје 436,776,000
    12 7 Макстил АД Скопје 355,552,000
    13 12 ВВ Тиквеш АД Кавадарци 275,030,000
    14 13 ОИЛКО КДА Скопје 238,303,000
    15 10 ОКТА АД Скопје 191,502,000
    16 20 Прилепска пиварница АД Прилеп 166,635,000
    17 16 Тутунски комбинат АД Прилеп 164,864,000
    18 23 Реплек АД Скопје 158,328,000
    19 17 Пекабеско АД Кадино 145,998,000
    20 18 Фершпед АД Скопје 124,103,000
    21 22 ТТК банка АД Скопје 105,203,000
    22 37 Македонија турист АД Скопје 96,394,000
    23 21 Тетекс АД Тетово 94,215,000
    24 39 Витаминка АД Прилеп 87,647,000
    25 25 Струмичко поле АД Василево 68,649,000
    26 73 Интерпромет АД Тетово 59,820,000
    27 34 Централна кооперативна банка 54,494,000
    28 19 Скопски пазар АД Скопје 52,521,000
    29 35 Фустеларко Борец АД Битола 49,957,000
    30 31 Триглав осигурување АД Скопје 47,280,153
    31 28 БИМ АД Свети Николе 43,688,000
    32 26 СН Осигурителен брокер АД Битола 43,584,000
    33 36 Грозд АД Струмица 42,504,000
    34 41 Фабрика Карпош АД Скопје 39,820,000
    35 44 Адинг АД Скопје 39,749,000
    36 32 Македонија Осигурување АД Скопје 37,106,467
    37 81 Раде Кончар апаратна техника АД Скопје 36,158,000
    38 30 Европа АД Скопје 33,479,000
    39 43 Оранжерии Хамзали АД Струмица 29,500,000
    40 54 Хотели Метропол АД Скопје 26,831,000
    41 45 Аутомакедонија АД Скопје 26,635,000
    42 29 ДС Смитх АД Скопје 25,895,000
    43 58 РЖ Техничка контрола АД Скопје 25,659,000
    44 83 Жито лукс АД Скопје 24,829,000
    45 24 Современ дом АД Прилеп 21,786,000
    46 27 Фруктал мак АД Скопје 20,193,000
    47 47 Дебарски бањи – Цапа АД Дебар 17,969,000
    48 64 Нова стоковна куќа АД Струмица 15,939,000
    49 53 Ангропромет Тиквешанка АД Кавадарци 11,913,000
    50 48 Силекс АД Кратово 11,581,000
    51 14 Макошпед АД Скопје 11,050,000
    52 46 Пелистерка АД Скопје 10,490,000
    53 55 Транскоп АД Битола 6,816,000
    54 66 Ветекс АД Велес 6,604,000
    55 40 Кристал 1923 АД Велес 5,742,000
    56 56 МЗТ Пумпи АД Скопје 5,257,000
    57 52 Лотарија на Македонија АД Скопје 4,874,000
    58 51 Рудници Бањани АД Скопје 4,494,000
    59 59 ГД Тиквеш АД Кавадарци 2,362,000
    60 63 Неметали Огражден АД Струмица 2,286,000
    61 82 Технокомерц АД Скопје 2,223,000
    62 57 Макпромет АД Штип 1,591,000
    63 61 Попова кула АД Демир Капија 1,291,000
    64 62 Сигурносно стакло АД Прилеп 989,000
    65 74 РЖ Економика АД Скопје 640,000
    66 67 Кланица со ладилник АД Струмица 528,000
    67 69 Жито Караорман АД Кичево 397,000
    68 68 Димко Митрев АД Велес 188,000
    69 71 Стокопромет АД Скопје 106,000
    70 70 Факом АД Скопје 70,000
    71 75 ЖАС АД Скопје -41,000
    72 77 Агромеханика АД Скопје -180,000
    73 76 Макотекс АД Скопје -201,000
    74 78 Герас Цунев конфекција АД Струмица -1,327,000
    75 42 Уготур АД Скопје -1,380,000
    76 65 Славеј АД Скопје -1,600,000
    77 60 РЖ Интер Трансшпед АД Скопје -1,988,000
    78 79 Герас Цунев трговија АД Струмица -2,072,000
    79 80 Трготекстил малопродажба АД Скопје -2,793,000
    80 86 Интернешенелс хотелс АД Скопје -3,049,000
    81 84 РЖ Услуги АД Скопје -11,173,000
    82 50 Мода АД Свети Николе -18,950,000
    83 85 ТЕАЛ АД Тетово -20,727,000
    84 49 Жито Полог АД Тетово -21,934,000
    85 87 ГТЦ АД Скопје -28,180,000
    86 72 Единство АД Струмица -87,299,000
    87 88 ФЗЦ 11 Октомври АД Куманово -88,704,000
    88 38 Стопанска банка АД Битола -189,818,000
    89 89 Вабтек МЗТ АД Скопје -200,511,000
    90 90 Либерти АД Скопје -857,877,000

    *Извор: Македонска берза АД Скопје

     

    Следуваат 57 компании чии профити се мерат во милиони денари. Предводник е Макпетрол со добивка од 935,7 милиони денари. Следуваат Мермерен комбинат АД Прилеп, ЗК Пелагонија АД Битола, УНИ банка, Гранит, Макстил, Винарска визба Тиквеш, Оилко, Окта, Прилепска пиварница, Тутунски комбинат Прилеп,  Реплек, Пекабеско, Фершпед и ТТК банка, чија добивка во минатата година е над 100 милиони денари.

    На оваа листа има и 20 компании кои минатата година ја завршиле со загуба. Меѓу нив се и Интернешнелс хотелс АД Скопје, РЖ Услуги, ГТЦ АД Скопје, ФЗЦ 11 Октомври Куманово…

    Интересно е дека рангирањето на профитите остварени во 2022 година дава поразличен распоред. Тогаш првото место и припаѓа на НЛБ банка со добивка од 2,43 милијарди денари, втора била Стопанска банка Скопје со 2,37 милијарди денари, а трета Комерцијална банка со 2,1 милијарда денари. По банките, повторно се Македонски телеком и Алкалоид, а тука е и Макпетрол, кој во 2022 година имал подобри финансиски резултати отколку во 2023.

     

    КОИ КОМПАНИИ ИМААТ НАЈГОЛЕМ РАСТ НА ПРОФИТОТ? 

    Не се тоа ниту банките, ниту телекомуникациските или фармацевтските компании. Убедливо најголем раст на профитот во 2023 година има струмичката компанија Нова стоковна куќа од дури 1.717%. Оваа компанија ја зголемила добивката од 877.000 денари на 15,9 милиони денари. На второто место е земјоделскиот комбинат Пелагонија од Битола со раст на добивката од 1.198%. Битолскиот комбинат во 2022 година има добивка од 38,8 милиони денари, а веќе следната година ја зголемува на 504,1 милион денари. На третото место, исто така со раст на профитот мерен во 1.029%, е РЖ Техничка контрола Скопје. Во 2022 година оваа компанија има добивка од 2,3 милиони денари, а во 2023 година дури 25,7 милиони денари.

    И хотелиерите можат да се пофалат со многу успешна година. Хотели Метропол имаат раст на профитот од 364%, а Македонија турист од 212%. Во ова друштво се и Гранит, Витаминка, Реплек и Прилепската пиварница, чиј раст на профит е над 100%.

    Компанија Раст/Пад (%)
    Нова стоковна куќа АД Струмица 1,717
    ЗК Пелагонија АД Битола 1,198
    РЖ Техничка контрола АД Скопје 1,029
    Ветекс АД Велес 730
    Хотели Метропол АД Скопје 364
    Македонија турист АД Скопје 212
    Гранит АД Скопје 203
    Витаминка АД Прилеп 197
    Реплек АД Скопје 165
    Прилепска пиварница АД Прилеп 116
    Неметали Огражден АД Струмица 87
    Ангропромет Тиквешанка АД Кавадарци 85
    Транскоп АД Битола 75
    ТТК банка АД Скопје 73
    Герас Цунев конфекција АД Струмица 69
    Комерцијална банка АД Скопје 67
    Адинг АД Скопје 62
    Фершпед АД Скопје 52
    Цементарница УСЈЕ АД Скопје 47
    Стопанска банка АД Скопје 46
    ВВ Тиквеш АД Кавадарци 46
    Фабрика Карпош АД Скопје 45
    Централна кооперативна банка 43
    ТЕАЛ АД Тетово 43
    УНИ банка АД Скопје 40
    ОИЛКО КДА Скопје 39
    Македонски телеком АД Скопје 39
    МЗТ Пумпи АД Скопје 38
    Фустеларко Борец АД Битола 37
    Тетекс АД Тетово 37
    НЛБ банка АД Скопје 32
    Пекабеско АД Кадино 32
    Струмичко поле АД Василево 25
    Оранжерии Хамзали АД Струмица 20
    Тутунски комбинат АД Прилеп 18
    Грозд АД Струмица 18
    Триглав осигурување АД Скопје 17
    ГД Тиквеш АД Кавадарци 16
    Аутомакедонија АД Скопје 9
    Алкалоид АД Скопје 8
    РЖ Услуги АД Скопје 2
    Кланица со ладилник АД Струмица 2
    Трготекстил малопродажба АД Скопје 1
    Мермерен комбинат АД Прилеп -2
    Жито Караорман АД Кичево -6
    Македонија Осигурување АД Скопје -7
    Либерти АД Скопје -9
    БИМ АД Свети Николе -12
    Стокопромет АД Скопје -16
    Дебарски бањи – Цапа АД Дебар -17
    СН Осигурителен брокер АД Битола -20
    Европа АД Скопје -20
    Герас Цунев трговија АД Струмица -21
    Попова кула АД Демир Капија -22
    Макпетрол АД Скопје -28
    Вабтек МЗТ АД Скопје -28
    ФЗЦ 11 Октомври АД Куманово -29
    ГТЦ АД Скопје -29
    Скопски пазар АД Скопје -33
    Лотарија на Македонија АД Скопје -35
    Сигурносно стакло АД Прилеп -38
    ДС Смитх АД Скопје -38
    Макпромет АД Штип -39
    Силекс АД Кратово -43
    Рудници Бањани АД Скопје -49
    Пелистерка АД Скопје -55
    Димко Митрев АД Велес -56
    Макотекс АД Скопје -58
    Фруктал мак АД Скопје -60
    Современ дом АД Прилеп -63
    ОКТА АД Скопје -65
    Макстил АД Скопје -67
    ЖАС АД Скопје -67
    Факом АД Скопје -72
    Агромеханика АД Скопје -73
    Кристал 1923 АД Велес -79
    Интернешенелс хотелс АД Скопје -83
    Макошпед АД Скопје -94
    Уготур АД Скопје -106
    Технокомерц АД Скопје -132
    РЖ Интер Трансшпед АД Скопје -202
    Жито Полог АД Тетово -247
    Мода АД Свети Николе -291
    Жито лукс АД Скопје -440
    Стопанска банка АД Битола -734
    Единство АД Струмица -970,089
    Интерпромет АД Тетово
    Славеј АД Скопје
    РЖ Економика АД Скопје
    Раде Кончар апаратна техника АД Скопје

    *Извор: Македонска берза АД Скопје

     

    Но, 2023 година не била поуспешна од 2022 година за повеќето компании имајќи предвид дека дури 47 од нив имаат пад на профитабилноста. Меѓу нив се Мермерен комбинат Прилеп, Европа, Макпетрол, Окта, Пелистерка, Макстил и други.

    Редакција Пари

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично