ПОВЕЌЕ
    ПОВЕЌЕ

      Економијата во еврозоната се очекува да закрепне побрзо од корона кризата

      Време зa читање: 2 минути

      Вредноста на акциите на компаниите од еврозоната годинава најмногу се зголемија во поразвиените економии, а инвеститорите веруваат дека таквиот момент ќе продолжи и во остатокот од 2021 година.

      Од крајот на минатата година, индексот MSCI EMU составен од компании од еврозоната, скокна за 13 проценти, надминувајќи ја сличната скала на глобалните развиени пазари за два проценти.

      Благодарение на ваквиот раст, индексот MSCI EMU е на највисоко ниво од јуни 2008 година, поради што денес инвеститорите се повеќе се оптимисти за вредносните акции на европските компании.

      Во неодамнешното истражување спроведено од Банката на Америка меѓу менаџерите на европски фондови, околу 65 проценти од испитаниците сметаат дека европските акции нема да го достигнат врвот на нивната вредност до четвртиот квартал од оваа година. Затоа, аналитичарите сметаат дека Европа се враќа во „радарот“ на глобалните инвеститори. Економијата во еврозоната се очекува да закрепне побрзо од корона кризата во следните месеци отколку другите поголеми економии. Корпоративниот сектор веќе испраќа таков сигнал.

      Лидерите на европските компании тврдат дека деловната активност пораснала со најбрзо темпо за повеќе од три години во мај, а обемот од нови нарачки не е виден од јуни 2006 година, според индексот на менаџерот за набавки на IHS Markita.

      14,794Следи нè на facebookЛајк

      слично