Економијата во Европа се намали во првиот квартал, а последиците од новиот бран на пандемијата со коронавирусот се рефлектираа и со намалување на бројката на вработување.
Сезонски прилагодениот БДП на ЕУ падна за 1,7 проценти во првиот квартал од истиот период минатата година, непосредно пред ширењето на инфекцијата со ковид-19, која проценка е потврдена од Европскиот завод за статистика на крајот на април.
Во последните три месеци од 2020 година, активностите се намалија за 4,6 проценти на годишно ниво.
Во еврозоната, активностите паднаа за 1,8 проценти уште во првите три месеци од годинава, по падот од 4,9 проценти од крајот на 2020 година, што исто така се совпаѓа со првата проценка на Евростат.
На квартална основа, сезонски прилагодениот БДП на ЕУ падна за 0,4 проценти во првиот квартал, како што падна за 0,5 проценти и во последните три месеци од 2020 година.
ЕУ и еврозоната ги опфати рецесија, па според економистите, ова го бележат како пад на активностите во двата последователни квартали.
Во третиот квартал од 2020 година, активностите се опоравија од пандемискиот шок и скокнаа на квартално ниво од 11,7 проценти во ЕУ и 12,5 проценти во еврозоната.
Намалено вработување
Падот на активностаите се одрази и во намалување на бројката на вработени во ЕУ и еврозоната во првиот квартал, за 0,3 проценти во споредба со последните три месеци од минатата година. Бројот на вработени се намали за прв пат и од вториот квартал на 2020 година.
Во последните три месеци од 2020 година, вработувањето се зголеми за 0,4 проценти.
На годишно ниво, бројот на вработени се намали во ЕУ за 1,8 проценти, по падот од 1,6 проценти како што беше на крајот на 2020 година.
Во еврозоната, тој падна за 2,1 процент, по падот од 1,9 проценти во претходниот квартал, како што е опишано во Извештајот на Евростат.
Трендот на опаѓање на бројот на вработените беше од почетокот на годината до четвртиот квартал.