ПОВЕЌЕ

    Еколошки криминал

    Време зa читање: 3 минути

    Криминалот како категорија се појавува уште од најрани времиња и покрај сите напори за негово сузбивање, сепак и натаму опстојува. Не само што опстојува, туку криминалот е движечка категорија за развој и одржување на одредени криминални групи, финансирање на тероризам, перење на пари и сл. Предмет на анализа на овој текст ќе биде еколошкиот криминал, како една од најраспространетите и најмалку регулиран вид на криминал. Обемот на овој вид на криминал, претставен во финансиски средства е на прво место според големината, оставајќи ги зад себе криумчарењето со дрога и оружје. Овој тип на криминал опфаќа активности поврзани со:

    • Несоодветно собирање, транспорт, управување и отстранување на отпад
    • Незаконско работење на капацитето од кои се изнесуваат или внесуваат опасни материи
    • Убивање и трговија со заштитени диви животни или растенија
    • Производство, продажба или маркетинг активности кои имаат штетно влијание врз озонот.
    • Нелегални даноци врз одредени природни ресурси и останати казниви дела.

    Во една поширока дефиниција, еколошкиот криминал опфаќа криминал со шумарството, риболовот, нелегалното фрлање на отпад и хемикалии, нелегално рударство, уништување на природната флора и фауна, негативно влијание врз обработливо земјоделско земјиште и сл.

    Од аспект на статистичките податоци кои може да се најдат за оваа тематика, може да е каже дека истите не ја претставуваат реалната слика, бидејќи во голема мера овој тип на криминал е надвор од секоја мерлива категорија.

    На слика подолу може да се забележи дека според извештајот од 2015 година (новиот извештај треба да излезе на крајот на оваа година), еколошкиот криминал учествува со 32.2% во вкупниот детектиран криминал.

    По поединечни единки најголема пропорција во еколошкиот криминал зафаќаат злосторствата поврзани со вода, 16.7% влијаеле на дивиот свет, 8.3% биле опасни материи, додека 5% биле поврзани со воздухот.

    Научните истражувања покажуваат дека годишните економски загуби по основ на еколошки криминал надминуваат 200 милијарди американски долари. Во следната табела се сегментирани, во пошироки области,  клучните причинители за тие загуби.

    Тип на еколошки криминалГодишни загуби во милијарди УСД
    Нелегално сечење и трговија со дрва30-100
    Нелегален риболов11-30
    СИНЛАБНелегална трговија и фрлање на опасен отпад12-48
    Нелегална трговија и фрлање на опасен отпад10-12
    Ловокрадство7-23
    Вкупно70-213

    Во најголем обем застапено е нелегалното сечење на дрва и нивна трговија со максимални 100 милијарди долари, доека нелегалното рударство е второ според проценета големина. Најмалку застапено е ловокрадството со максимални 23 милијарди долари.

    Она што е уште поважно е дека сите овие видови на криминал дополнително имаат штетно влијание врз економските процеси преку неизбежниот процес на перење на пари, експлоатација на работната сила, неевидентирање на нето девизната позиција на државите, како и неантиципирани влијанија врз макроекономските инструменти и самата поставеност на монетарната политика.

    Редакција Пари

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично