Пандемијата на Kовид 19, значително влијаеше на начинот на работа. Преку ограничувања на Владите ширум светот, здравствени мерки и социјално дистанцирање, нашиот свет се смени преку ноќ и колку е покомплицирано нашето секојдневие, толку со поголема едноставност треба да им помогнеме на компаниите да донесат правилни одлуки и да го одржуваат својот бизнис.
Без разлика дали станува збор за брз одговор на организациската промена поради постојано променливите околности на оваа година или поради напорите да се задржи деловната предност на сè поконкурентните пазари, компаниите никогаш не биле соочени со толку предизвици како денес.
Партнерите, вклучувајќи дистрибутери, независни продавачи на софтвер или даватели на ИТ решенија, не се исклучок. За да бидете денес агилни, потребна ви е наједноставна можна врска со добавувачите.
Во ИТ инфраструктурата, клучната точка отсекогаш била поедноставување на ИТ производите и решенијата, со цел да им се овозможи на компаниите побрзо да се развиваат и трансформираат, со што стануваат поефикасни. Денес, веруваме дека е императив добавувачите да ги применуваат истите концепти за односите со нивните партнери.
Прво, информациите за партнерот мора да бидат јасни и лесно достапни. Како добавувачи, не можеме да очекуваме од нашите партнери да бараат десетици документи, кои понекогаш не се достапни ниту на локалниот јазик. Додека се работи на понуда на ИТ инфраструктура, треба да се воведува поголема автоматизација и транспарентност. Без разлика дали станува збор за ажурирање на информациите на вашиот клиент, заштита на нивните датотеки, вршење плаќања или пресметување на маргините.