ПОВЕЌЕ

    E-commerce на Комерцијална банка со признание од Visa за најголем раст во прифаќањето картички во 2021

    Време зa читање: < 1 минутa

    Иновативноста и врвната услуга ѝ донесоа на Комерцијална банка уште едно признание. Светскиот aвторитет во дигиталните плаќања, Visa, ѝ додели на Комерцијална банка признание за остварен најголем раст во прифаќањето картички во електронската трговија во земјава во 2021 година.

    Ни претставува огромно задоволство што оваа награда е епилог на континуираниот фокус на Комерцијална банка да понуди иновативни производи и услуги кои ги задоволуваат новите потреби на пазарот, особено во услови на пандемија кога безготовинските плаќања станаа доминантни. Наградата немаше да постои и без довербата на клиентите, кон кои сме обврзани со понуда на најдобра услуга.

    E-commerce услугата на Банката е современо дигитално решение со кое им овозможуваме на трговците да вршат продажба 24/7 на купувачи од целиот свет. Остануваме посветени на натамошен развој на услугата со цел пружање најсовремени решенија за онлајн продажба на сите видови трговци.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично