ПОВЕЌЕ

    ДЗР: Од АВРСМ исплатени 2,8 милијарди денари – пари давани без контрола и рангирање

    Време зa читање: 4 минути

    Oд вкупните расходи на Агенцијата за вработување во 2022 година се исплатени 42,62 отсто за остварување на правата од паричен надомест и 43 проценти за активни мерки за вработување, во износ од над 45 милиони евра. Пари се добивале без комплетна документација, а кај одредени мерки се практикувал принципот прв дојден – прв услужен, односно без утврдени правила за рангирање.

    Ова се дел од состојбите утврдени од страна на Државниот завод за ревизија по извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Агенција за вработување на Република Северна Македонија за 2022 година. Оттаму, изразено е неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставените политики.

    Со спроведената ревизија ревизорите утврдиле дека исплатените средства за паричен надомест во случај на невработеност во 2022 година се во висина од 1.407.710 илјади денари (речиси 22,9 милиони евра), што претставува 42,62% од вкупните расходи на АВРСМ, и во однос на 2021 година исплатениот износ бележи намалување за 116.247 илјади денари. Со проверка на функционирањето на постапката за остварување на право на паричен надомест на избран примерок на предмети за 2022 година, ревизорите утврдиле дека кај дел од анализираните предмети документацијата е некомплетна, а дел од документацијата се обезбедува или се изготвува по истекот на законски утврдениот рок.

    Кај активните мерки за вработување е утврдено дека за реализација на вкупно 14 програми и мерки предвидени со Оперативниот план, во 2022 година се исплатени вкупно 1.420.003 илјади денари (23 милиони евра), односно 43% од вкупните расходи на АВРСМ. Овој износ бележи зголемување во однос на 2020 и 2021 година, и тоа за 148.902 илјади денари во однос на 2020 година, или во однос на вкупните расходи на АВРСМ за овој период се јавува зголемување од 4%.

    Со анализа на поединечните мерки ревизорите утврдиле дека за три мерки – субвенционирање на плати, вработување и раст на правни субјекти и практикантство, за кои е исплатен вкупен износ од 468.126 илјади денари, во оперативните упатства и во оперативниот план не се вклучени одредби врз основа на кои ќе се изработат ранг листи на лица на кои ќе им бидат одобрени средства и лица кои ќе бидат одбиени во случај на поголем број пријавени кандидати, при што усвоена е пракса за одобрување на апликациите по принцип прв пристигнат прв услужен.

    При распределбата на средства ревизорите утврдиле дека не е почитуван принципот на рамномерен регионален развој на осумте плански региони на начин на кој е дефиниран во ОУ и ОП. Притоа, за дел од планските региони се исплаќа повисок износ на средства во однос на утврдените проценти за учество во Одлуката за класификација на планските региони според степенот на развиеноста. Повисок износ е исплатен кај скопскиот плански регион и планските региони во западниот дел од земјата, при што во поедини случаи надминувањето е двапати поголемо, додека за планските региони од централниот и источниот дел на земјата е исплатен понизок износ од утврдената квота со одлуката.

    Во делот на административното работење на АВРСМ ревизорите утврдиле повеќе пропусти, меѓу кои невоспоставен контролен механизам за следење на побарувањата по основ на остварените приходи од неуплатен придонес за вработување и невоспоставена меѓу институционална комуникација за евиденција на пресметана обврска за уплата на сите обврзници; исплата на додаток на плата заради зголемен обем на работа за кој не постои соодветен законски основ и без утврдени критериуми за избор на вработените лица кои го добиваат овој додаток; ангажман на лица вработени на определено време за вршење на редовни работни задачи, при што се надминуваат и временските лимити за нивни ангажман; интерните контроли во врска користење на средствата доделени за активните мерки за вработување се слаби, при што кај поедини ЦВ не се врши проверка и одобрување од страна на одговорните лица…

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично