Некои американски милијардери меѓу кои и најбогатите луѓе во светот, Џеф Безос и Илон Макс, во изминатите 15 години повремено успеале да го избегнат плаќањето на данокот на доход, според објавата на ПроПублика.
ПроПублика, e портал кој се занимава со новинарски истражувања, кoj ги црпи своите податоци од широко опфатни тајни материјали добиени од Даночната служба на САД.
Организацијата со седиште во Њујорк, на својата интернет страница истакна дека ја осудува злоупотребата на власта и губењето на довербата на граѓаните, и потврди дека сопственикот на Амазон, Џеф Безос во 2007 и во 2011 година не платил ниеден федерален данок, а Илон Маск, основачот на Тесла, не го платил данокот во 2018 година.
Џеф Безос и Илон Маск се меѓу трите најбогати луѓе во светот.
Претприемачот и политичар Мајкл Блумберг, бизнисменот Карл Икан и филантропот Џорџ Сорос, исто така, избегнувале да ги плаќаат сојузните даноци и тоа во период од неколку години, се додава во извештајот.
Организацијата дошла до овие заклучоци откако ги разгледала илјадниците даночни пријави од богати Американци во текот на петнаесет години.
На прашањата поставени од агенцијата Франс Прес, тимот од Џеф Безос, Илон Маск, Мајкл Блумберг, Карл Икан и орџ Сорос се уште се немаат произнесено по ова даночно затајување.