ПОВЕЌЕ

    Две нови државни обврзници на Берзата: Државата бара 18,9 милиони евра

    Време зa читање: < 1 минутa

    Инвеститорите можат да вложат пари во две нови државни обврзници, за кои ќе добијат солидна камата: 3,4 проценти од двегодишната и 5,1 од 15-годишната. И двете од денес котираат на Македонска берза, по барање на Министерството за финансии. На државата и се потребни, па бара од домашните кредитори 1,16 милијарди денари, односно 18,9 милиони евра.

    Државните обврзници се издадени на 21 август и се без девизна клаузула.

    Емисијата на обврзниците што побрзо ќе стасаат за наплата – на 21 август 2027 година, е со вредност од 199.600.000 денари (3,24 милиони евра). Има 19.960 вакви хартии од вредност, со номинална цена од 10.000 денари.

    Поголемиот износ со кој се задолжува државата е 961.600.000 денари (15,63 милиони евра). Емисијата ја сочинуваат 96.150 држвни обврзници, за кои е предвидена повисоката каматна стапка (5,1%), а датумот на достасување е 21 август 2040 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично