„Дуферко“ повремено купува акции и го зголемува уделот во „Макстил“. Со последно стекнатите 306 акции моменталното сопственичко ниво е 83,59 проценти.
Во известувањето објавено на Македонска берза, со кое јавноста се информира за промената на состојбата кај сопственоста на акциите со право на глас, пишува:
„Согласно одредбите од Правилата за котација, известуваме за следното: “Duferco Skop SA, како мнозински акционер ја зголеми сопственоста и се стекна со 306 акции, со што во моментов поседува вкупно 83,59% од главнината на акции со право на глас на Макстил АД Скопје“.