ПОВЕЌЕ

    ДРЖАВАТА СЕ ЗАДОЛЖУВА КАЈ ДОМАШНИТЕ ИНВЕСТИТОРИ со камати од 3,55 и 4,2 проценти

    Време зa читање: < 1 минутa

    Работната седмица почнува со две нови државни обврзници и задолжување на домашниот пазар од над 20 милиони евра. По барање на Министерството за финансии, на официјалниот берзански пазар ќе котираат новите хартии од вредност од овој вид, едната тригодишна, а другата петгодишна. За вложените пари инвеститорите ќе добијат камата од 3,55, односно 4,2 проценти.

    Обврзницата што се издава на рок од три години е со девизна клаузула. Вредност на емисијата е 254.000.000 денари или 4,1 милион евра. Издадени се 25.400 вакви хартии од вредност со номинални 10.000 денари. Овде важи каматната стапка од 3,55 проценти.

    Повисоката стапка од 4,20 проценти е предвидена за државните обврзници без девизна клаузула. Целата емисија од 104.012 обврзници вреди 1.040.120.000 денари, односно 16,9 милиони евра. Исто така, номиналната вредност е 10.000 денари.

    И двете обврзници ресорното Министерство ги има издадено на 12 месецов. Оттаму, за наплата ќе стигнат на истиот датум, првата во 2027, а втората во 2029 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично