Зошто државата се плаши да вложува пари во иновации, кога токму тоа е патот кој другите земји го користат за економски напредок? Васко Кроневски, директорот на NexSense и дел од Македонија 2025, во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ објаснува дека неуспехот не е секогаш загуба, туку чекор поблиску до успехот. Како Македонија да се охрабри и конечно да ја прифати играта на ризик и иновации?
„Таа, да речам, способност за преземање на поголем ризик од вообичаено и ги прави успешни. Бидејќи сите го гледаат само успехот, никој не ги анализира неуспесите. Јас ви гарантирам дека нема ниту еден претприемач кој што не изгубил, најверојатно, во број на обиди, не во вкупен вредност на средства, 10 пати повеќе обиди му биле неуспешни, него што му биле успешни. Разликата е дека тие што биле успешни довеле толкава дополнителна вредност, да ги прават другите што биле неуспешни, покриени како трошок или вредни за земање на ризик.
Во бизнисот секогаш постои доза на ризик и треба да знаете како да го процените кој ризик можете, а кој ризик не можете да го земете. Во јавните средства е малку различно.
Кога станува збор дека државата треба да финансира иновација и развој, тука е клучно дали ние сме отчетни, дали сме успешни, ќе покаже тоа кога ќе завршиме. Ние не одиме по познат пат, ние треба да најдеме некој нов пат, што не знаеме ни дали постои. Некогаш ќе докажеме дека тоа е и невозможно.“
Гледајте не и секако притиснете „subscribe“ на нашиот Јутјуб канал кој може најлесно да го најде ако во пребарување на кирилица напишете ПАРИ.
Премиерите на епизодите се секој четврток во 12.00 часот точно на пладне, додека потоа може да не гледате кога и да посакате.
Сите содржини се бесплатни, а реализирањето е потпомогнато од пријателите на „Каде се парите? со Горан Теменугов“ кои препознаа дека со поддршката на еден ваков проект се засилува одбраната на јавниот интерес и можноста сите чинители во општеството да имаат можност да одговорат, но и да дебатираат за сите актуелни и релевантни прашања.