ПОВЕЌЕ

    ДРАМАТИЧНО ВО ГРЧКАТА ПРЕСТОЛНИНА: Атина евакуира жители на северните предградија откако шумски пожар се прошири кон градот

    Време зa читање: 2 минути

    Пожарот што избувна североисточно од Атина во неделата се проширил на планината Пентели, северно од грчката престолнина, што предизвика евакуација на неколку населени места, пишува грчки Катимерини. Пожарот кој брзо се движи, поттикнат од топлите и ветровитите услови, веќе уништил дрвја, домови и возила и испрати густи облаци од чад над градот.

    Грчката цивилна заштита издаде итен аларм 112 за жителите на Палаја Пентели, Мелисија, Политеја, Екали, Драфи и Неа Еритреа во 4.52 часот, со наредба да бидат во состојба на висока готовност. Последна порака во 5.10 часот ги советуваше жителите на Неа Пентели да се евакуираат кон Мелиса, а оние во Палаја Пентели да се движат кон Врилисија.

    Три минути подоцна, нова порака ги упати жителите на Драфи, Диони и Дамараси во Рафина да се евакуираат кон авенијата Маратонос. До 5.40 часот, беше издадено уште едно предупредување за жителите во Дау Пентели и Агиос Спиридонас, со инструкции да се упатат кон Рафина.

    На жителите на Антуса им беше препорачано да бидат во подготвеност со порака испратена во 5.45 часот.

    Евакуирани биле и детската болница Пентели и Воената болница 414, изјави портпаролот на противпожарната бригада Василис Ватракогијанис. „Ми рекоа да заминам; ситуацијата е надвор од контрола. Внатре во куќата има плински боци и резервоар за масло. Тоа е моја постојана резиденција, резултат на цел живот напорна работа“, изјавли за Катимерини жител на Рапендоса, кој го гледал неговиот дом зафатен од пламен.

    Во неделата миризбата на чад ја обвитка Атина, а небото се затемни откако шумски пожар на планината Пентели се прошири североисточно од грчката престолнина. Повеќе од 250 пожарникари, 67 противпожарни возила, 12 авиони и шест хеликоптери се борат со пожарот кој избувнал околу 15 часот по локално време на околу 35 километри од Атина.

    Пламените јазици брзо се движат кон езерото Маратон, важен резервоар што ја снабдува Атина со вода, изјави пожарникарскиот полковник Василејос Ватракојанис, портпарол на противпожарната служба. Оштетени се непознат број куќи.

    (Фото: Бизнис Инсајдер)

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично