ПОВЕЌЕ

    Довербата на клиентите кон Халк банка ефектуирана во добивка од 20,3 милиони евра

    Време зa читање: 2 минути

    Уште една успешна банка од редот на големите. Чистиот профит на Халк банка, остварен од минатогодишното работење, е 20,3 милиони евра, што укажува на стабилност и сериозен пристап кон клиентите.

    Индикатор за довербата е депозитната база. За една година е надополнета за 171 милион евра, со што за 20 милиони евра го надминува прагот од една милијарда евра. Придонесот на корпоративниот сектор е со нови 80 милиони евра, додека граѓаните лани на Халк и довериле уште 90 милиони евра. „Причина за ваквиот раст во делот на компаниите е веројатно ‘задршката’ од поголеми трошоци поради кризата која носи неизвесност, додека во сегментот на население е на атрактивните депозитни производи, со атрактивни каматни стапки, кои ги понудивме на пазарот“, образложува во своето обраќање главниот извршен директор на Халк банка АД Скопје, Билал Суџубаши.

    За Банката е значајно што и во услови на затегната монетарна политика, во делот на кредитирањето е забележан раст од над 95 милиони евра. Ова движење најмногу се потпира на компаниите, каде што кредитирањето е зголемено за речиси 90 милиони евра. Кредитна поддршка е обезбедена за компании од различен габарит, но најголемо зголемување е евдентирано кај големите компании. Сепак, се посочува дека пораст има и кај средните, малите и микро фирмите. Кон ова треба да се додаде и дека Халк лани била првиот избор на новооснованите фирми, кога се определувале за банка. Односно, од 8.517 нови фирми, речиси една четвртина – 2.215 отвориле сметки кај оваа банка.

    Што се однесува до населението, забележана е намалена кредитна активност, „што можеби е очекувано, со оглед на мерките и целите на централната банка за намалување на инфлацијата“, појаснува Суџубаши.

    На крајот од 2023 година, активата на Халк банка изнесува 1,6 милијарди евра.

     

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично