ПОВЕЌЕ

    Доне Таневски ги искешира акциите на „Македонијатурист“, поседува само 3,81 процент

    Време зa читање: 2 минути

    Доне Таневски веќе не е во редот на големите акционери на „Македонијатурист“. Со последната продажба на пакет од 31.117 акции, во сопственост му остануваат уште 3,81 отсто од акциите. А, само од таа блок-трансакција заработи 434.517.788 денари или над седум милиони евра.

    „Известуваме дека Доне Таневски, Претседател на Надзорен Одбор на Македонијатурист АД Скопје, продаде 31.117 обични акции издадени од Македонијатурист АД Скопје и сега поседува 17.247 обични акции, односно 3,81%“, се вели во првата од трите објави на компанијата што денес ги пласира преку Македонска берза.

    Тие седум милиони евра Таневски ги наплатил од М.Г. Фешн, кој за секоја акција броел по 13.964 денари, односно по 227 евра. Својата акционерска позиција ја темели на 11,26 проценти од акциите.

    „Известуваме дека акционерот Друштво за трговија, производство и услуги М.Г. Фешн доо увоз-извоз Скопје купи дополнителни 31.117 акции и сега поседува 50.912 акции односно 11,26% од вкупниот број обични акции издадени од Македонијатурист АД“, пишува во информацијата од „Македонијатурист“.

    И „Промедика“ го зголемува својот удел – 11,89 проценти. На 30 декеври, кога излегоа податоците за две блок-трансакции, во втората беше наведена купопродажбата на две илјади акции, вредна 20.400.000 денари, еднакво на близу 332 илјади евра. Единечната цена за акција е 10.200 денари.

    „Известуваме дека акционерот Друштво за трговија, производство и услуги Промедика дооел Скопје купи дополнителни 2.000 акции и сега поседува 53.771 акциja односно 11,89% од вкупниот број обични акции издадени од Македонијатурист АД“, информираат од хотелско-угостителската компанија, каде што последниве месеци се случија крупни промени, а лидерската акционерска позиција ја презеде „Скопски пазар“.

    Инаку, на Таневски му појде од рака акциите да ги продава по солидни цени. И на почетокот од минатиот месец имаше блок-трансакција во која исто така наплати по 13.964 денари за акција, и тогаш кешираше 7,2 милиони евра. Тој ден на официјалниот пазар просечната вредност беше 9.955 денари. За споредба, на последниот работен ден од оваа година, 30 декември, цената за акција беше 8.450 денари. А, денес – 8.700 денари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично