ПОВЕЌЕ

    „Домашно“ и „увезено“ – маркетите ќе ги обележуваат земјоделските производи: Кампања за поддршка на аграрот

    Време зa читање: 2 минути

    Овошјето и зеленчукот во маркетите ќе бидаат јасно обележани – дали се македонски или се увезени. Граѓаните ќе знаат што купуваат. Оваа мерка е дел од кампањата што ја подготвува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со акцент – купувај домашни производи.

    „Преку кампањата купувај домашни земјоделски производи го стимулираме растот на домашната економија и директно влијаеме врз зголемување на потрошувачката на земјоделските производи кои ги произведуваат македонските земјоделци.

    Целта на оваа кампања на Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е да се промовира домашното производство и да се зголеми сопственото производство“, нагласено е во соопштението од владината прес-служба, при што се додава дека во маркетите секој производ кој е произведен во Македонија или е увезен од надвор ќе биде обележан.

    Кампањата ќе биде од голема помош за земјоделското производство, сметаат од Владата.

    „Со ова не само што ќе се зголеми побарувачката на пазарот, туку ќе се зголеми и земјоделското производство. Ако претходно имавме состојба каде што се напуштаа нивите, сега ќе ги поттикнеме земјоделците со својот труд да се вратат на полињата.

    Наша основна цел е Македонија да ја направиме земјоделски независна држава“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично