ПОВЕЌЕ

    Домашни и странски експерти – гости на 24. Годишна конференција на Македонска берза

    Време зa читање: 2 минути

    Од 25 до 27 септември ќе се одржи 24. Годишна конференција на Македонска берза. Охрид уште еднаш ќе биде домаќин на врвни експерти од земјава и од регионот, кои и годинава ќе дискутираат на интересни и значајни теми: за македонските и регионалните економски перспективи; за можностите и предизвиците за IPO и раст на домашни компании; за развојот на пазарот на капитал преку мултифондови и ЕТФ-ови; за важноста на малите берзи; за влијанието на ажурираните стандарди за финансиско известување и ревизија; за трендовите во дигиталната трансформација на компаниите… Пријавувањето на заинтересираните за учество на овој традиционален настан е во тек.

    Конференцијата, со воведни обраќања ќе ја отворат главниот извршен директор на Македонска берза, Иван Штериев, министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска и претседателката на Комисијата за хартии од вредност, Бујаре Абази.

    Според агендата, присутните ќе проследат и повеќе интересни интервјуа. На бината, Штериев ќе одговара на прашањата од новинарот Горан Теменугов, кој воедно е автор и водител на поткастот „Каде се парите?“. А, на различни теми од светот на финансиите и берзите, ќе говорат Блаж Бродњак, главен извршен директор на НЛБ – Нова Љубљанска банка, Атила Тот – раководител на Секторот за развој на финансиски пазари и пазари на капитал во ЕБРД, гувернерот на Народната банка, Трајко Славески и извршниот директор на Неотел, Даме Цветковски.

    Не ја пропуштајте оваа можност да научите повеќе за светот на финансиите, директно од врвни експерти од индустријата, порачуваат од Македонска берза.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично