ПОВЕЌЕ

    Банките ќе го пробијат рокот за печатење на домашните платежни картички – причина, ново-прифатените приговори

    Време зa читање: 2 минути

    Денеска, и официјално истече рокот до кога банките требаше да ги отпечатат домашните платежните картички и да им ги стават на располагање на граѓаните. Но дел од приговорите се уште се проверуваат, а поголем дел се одобрени вчера, така што картичките ќе се изработуваат и наредната недела, велат од Министерството за финансии. Дополнително, на проверка чекаат уште 1.000 жалби, кои доколку се прифатат,  ќе се печатат во наредните денови.

    Вчера министерката за финансии Ангеловска информираше дека се прифатени под 20% од приговорите, или  8.330. Најмногу – скоро 5.000 од ученици и средношколци на кои државата им вети помош од по 3.000 денари. Од оваа категорија млади стигнаа и најмногу, 8.000 проговори,  а дополнително остануваат за проверка само 250.

    „По извршените проверки прифатени се вкупно 8.330 приговори, или 4.893 млади лица од 16 до 29 години, 752 невработени лица со низок доход и 2.685 вработени лица со низок доход, вели Ангеловска.

    Од финансии додаваат, доколку лицата кои поднеле приговор да не чекаат известување на маил,  туку сами да проверат дали се додадени на официјалната страна Купувам домашно.

    Како дел од третиот сет мерки за надминување на последиците од  корона кризата , Владата директна помош им вети на над 325 илјади граѓани, односно на невработени, лица со низок доход, ученици, студенти и медицински лица. До сега испечатени и дистрибуирани се околу 200 илјади картички. Граѓаните картичките ќе можат да ги искористат до 15ти август.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично