Домашна платежна картичка со државна помош ќе добијат уште 7.000 граѓани кои не се нашле на листата добитници, а ги исполниле условите.
Најголемиот дел од приговорите или 4.052 се однесуваат за средношколци и студенти, 2.572 приговори се одобрени на вработени лица со ниски примања и 483 на невработени.
Домашните платежни картички банките до граѓаните треба да ги доделат најдоцна до 18 Јули.
Паричните средства не можат да се подигнуваат како готовина, туку со нив само може да се купуваат домашни производи и услуги.
Парите треба да се потрошат до 15 август годинава.
Од 15.07.2020 околу 117 илјади граѓани ќе можат да ги користат и ваучерите од 6.000 денари за летен или зимен одмор во некој од домашните туристички капацитети.
Најдоцна до 15 декември годинава ќе треба да се искористат