ПОВЕЌЕ

    Потрошени 10.7 милиони евра преку домашните платежни картички

    Време зa читање: < 1 минутa

    Министерката за финансии Нина Ангеловска информираше дека преку 187.000 домашни платежни картички се веќе активни и граѓаните со нив направиле над 660.000 трансакции.

    „За три недели 10,7  милиони евра се вбризгани во економијата преку зголемената потрошувачка од граѓаните со домашната платежна картичка и со тоа се поддржуваат македонските производи и услуги, се поддржуваат граѓаните и се поттикнува економската активност. Исто така, расте и безготовинското плаќање, а со тоа се влијае и на намалување на сивата економија“, напиша Ангеловска на Фејсбук.

    Таа истакна дека  најмногу со картичките се пазари во супермакетите, или согласно податоците кои ги добивме од дел од банките преку 90% од транскациите се таму.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично