На девизните пазари, вредноста на доларот во однос на кошницата со валути нагло падна. Индексот на доларот, што ја покажува вредноста на Американците и нивната економија, во однос на другите шест најважни светски валути, утрово е околу 89,97 поени, додека вчера во ова време тој беше 90,56 поени. Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 104,25 на 103,60 јени, пренесува хрватскиот портал Индекс.
Американската валута ослабе и во однос на европската валута, па цената на еврото достигна 1,2210 долари, додека вчера во ова време беше 1,2150 долари.
Цените на нафтата, пак, се зголемија дополнително по објавените податоци вчера за поголем пад на резервите на сурова нафта во САД, што предизвикува надеж за посилна побарувачка.
На американскиот пазар цената на барелот порасна за 1,1 процент, на 53,80 долари, додека на лондонскиот пазар, барелот порасна за 1,3 проценти, на 57,30 долари. Ова се највисоките нивоа на цени од февруари, минатата година.