ПОВЕЌЕ

    Доларот ослабна петта недела по ред додека силен раст на курсот забележа еврото

    Време зa читање: 2 минути

    Петта недела по ред, на светските берзи на валути, вредноста на доларот во однос на другите валути  се намали, со што девизниот курс на еврото во однос на доларот достигна највисоко ниво во последните 22 месеци.

    Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на САД во однос на другите шест најважни светски валути, се намали за 1,6 проценти минатата недела, на 94,42 поени, што е најниско ниво во последните две години.

    Девизниот курс на еврото во однос на доларот се зголеми за 1,9 проценти, на 1.1650 долари, што претставува највисоко ниво од октомври 2018 година.

    Американската валута е под притисок поради затегнатите односи меѓу САД и Кина, како и поради немилосрдното ширење на коронавирусот. Во САД, бројот на заразени лица надмина 4 милиони, а бројот на починати лица како последица на заболување од коронавирусот е зголемен за повеќе од 1.000 во последниве денови, така што вкупниот број на жртви на вирусот Ковид-19 достигна 145.000, пишува Bizlife.

    Како резултат на пораст на пандемијата, некои сојузни држави го забавуваат процесот на рестартирање на економските активности, така што инвеститорите се плашат од многу побавно закрепнување на економијата отколку што се надеваа до неодамна.

    Силен раст на курсот на еврото следеше во вторникот, кога лидерите на Европската унија постигнаа договор за пакет помош на економијата во борбата против пандемијата на коронавирус во вредност од 750 милијарди евра, како и договор за седумгодишен буџет во висина од 1,074 милијарди евра.

    Извор: Bankar.rs

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично