ПОВЕЌЕ

    ДО КРАЈОТ НА ЈУЛИ ЌЕ ПРОФУНКЦИОНИРА ПРУГАТА ДРАЧЕВО-ИЛИНДЕН, на 1 септември и градскиот воз до Зелениково, најави Николоски

    Време зa читање: 2 минути

    Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски и директорот на ЈП Железница Инфраструктура Синиша Ивановски, направија увид реконструираната пруга од Драчево до Илинден, по која сообраќаат товарни возови, преку тест возење на обновениот железнички коридор. „Завршивме со реконструкција на железничката обиколница Скопје, линијата Драчево – Илинден. Добиваме побрз карго превоз на коридор 10 и заштита на животната средина“, напиша Николоски на својот Фејсбук профил.

    По оваа делница ќе се одвива исклучиво товарниот железнички сообраќај што ќе придонесе за подобра организација и развој на целокупниот транспорт.

    „Драго ми е што правиме тест возење на обновениот железнички коридор, практичната обиколница на Грaдот Скопје, линијата меѓу Дрaчево и Илинден, со која што товарните возови се вадат надвор од Градот Скопје“, изјави министерот Николоски.

    Тој посочи дека со реконструкцијата ќе се заштити животната средина и ќе се намали загадувањето во скопското градско подрачје. „Во моментов има тест период, за што е потребно да се направии технички прием и очекувам за дваесетина дена карго возовите да ја користат оваа делница. Тоа ќе значи многу за заштита на животната средина и за намалување на загадувањето во Скопје од една страна, но од друга страна ќе значи побрз карго сообраќај на Коридор 10, што ќе значи повеќе бизнис и повеќе железнички композициии на македонските пруги што многу ќе приоднесе за развој на бизнисот и целокупниот транспорт“, додаде Николоски.

    Николоски најави и дека најдоцна до 1 септември треба да започне со работа и првата линија на Градскиот воз. Таа ќе сообраќа на релација Зелениково – Драчево – центарот на Скопје, со што ќе се направи првиот чекор кон развој на приградскиот железнички превоз во главниот град.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично