ПОВЕЌЕ

    ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА – ПОВИСОКИ ПРОМОТИВНИ КАМАТИ за штедните влогови во Комерцијална банка

    Време зa читање: 2 минути

    Повисоки каматни стапки за штедење во продолжениот промотивен период до крајот на годинава е понудата што ја обезбеди Комерцијална банка за своите клиенти. За денарските заштеди стапките се движат до фиксни 3,10, а за девизните до 2,10 проценти.

    За повиските влогови се предвидени стимулативни стапки, кои достигнуваат до 4,70 за денарските, односно – 3,60 % за депозитите во евра.

    Од Комерцијална наведуваат дека каматните стапки растат паралелно со зголемувањето на влогот на штедачите.

    За денарските депозити орочени на 12 месеци, каматите се движат од 1,50% до 3,10%.

    За депозитите во евра орочени на 12 месеци, каматните стапки се од 1,00% до 2,50%.

    За денарските депозити орочени на 24 месеци, каматните стапки се од 2,30% до 3,90%.

    За депозитите во евра орочени на 24 месеци, каматните стапки се меѓу 1,50% до 3,00%.

    За денарските депозити орочени на 36 месеци, каматните стапки од 3,10% до 4,70%.

    За депозитите во евра орочени на 36 месеци, каматните стапки се движат од 2,10% до 3,60%.

    Која стапка ќе се примени зависи од висината на орочениот износ.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично