ПОВЕЌЕ

    За поддршката до милион евра од ИПАРД 2, Мерка 7, рокот за аплицирање продолжен до 6 септември

    Време зa читање: 3 минути

    Дополнителен рок од 15 дена за заинтересираните за доставување на апликациите за добивање на финансиска поддршка преку ИПАРД 2 програмата, Мерка 7 ,,Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“, информираше Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

    Ова значи дека наместо до 22  август 2021 година, комплетната документација заедно со барањето за финансиска поддршка од ИПАРД, заинтересираните ќе може да ги достават до 6 септември 2021 година. Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски,  информира дека со продолжување на рокот за аплицирање им се дава дополнителна можност на апликантите за прибирање на целокупната документација која е потребна за поднесување на барања за добивање на средства преку мерка 7„Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“.

    „И ние и Телото за управување со ИПАРД при МЗШВ, увидовме дека заради летните одмори, најголем дел од домашните и странски добавувачи работат со редуциран капацитет, со што апаликантите се соочуваат со проблем околу прибирање на потребната документација и понуди за набавка на инвестициите, што пак е услов за прифаќање на апликацијата како комплетна.Токму затоа им излегуваме во пресрет на сите заинтересирани да можат да достават квалитетни, целосни апликации преку кои ќе се искористат расположливите средства.“ – информира Бачовски.

    На овој повик на располагање се над 13,5 милиони евра. Финансиската поддршка по корисник се движи од 1.500 до 1.000.000 евра, не вклучувајќи го данокот на додадена вредност  а повратот на инвестицијата е во висина до 65% од вкупните прифатливи трошоци.

    Со помош на средствата кои се на располагање на овој повик апликантите може да инвестираат во следните сектори:

    Алтернативно земјоделско производство; Алкохолни производи од грозје или овошје и пиво; Колачи, тестенини и пекарскипроизводи; Чај и билни екстракти; Зачини и билки; Слатководна риба, ракови и мекотели; Други производи кои не се наведени во Листа на производи од Анекс I на Договорот за функционирањето на ЕУ; Производство на не-прехранбени производи; Занаетчиски дејности, кои се во согласност со Правилникот за определување на дејности кои можат да ги вршат занаетчиите; Обезбедување на услуги во земјоделството; Развојна услуги за руралното население; Промоција на руралниот туризам.

    Целокупната документација која е потребна за аплицирање може да се најде на веб страната на АФПЗРР, www.ipardpa.gov.mk. Со помош на средствата од ИПАРД 2 програмата се нуди можност да се  модернизираат домашните мали и микро претпријатија кој се моторот на домашната економија.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично