ПОВЕЌЕ

    Дивиденда од 36,6 милиони евра за акционерите на НЛБ банка

    Време зa читање: < 1 минутa

    Од добивката што НЛБ банка ја оствари во 2023 година, за дивиденда се предвидени 36,6 милиони евра. Акционерите на една од најдобрите банки во Македонија ќе ја поделат таа сума врз основа на утврдените 2.636 денари или 42,86 евра по акција. Бројките се во бруто износ, а засега се само во форма на предлог, за кој ќе се гласа на акционерското собрание на 29 мај.

    Со исплатата ќе се стартува на 25 јуни. Според дивидендниот календар, последен ден на тргување со право на дивиденда е 10 јуни. Средствата од дивидендата ќе ги добијат акционерите чии имиња на 12 јуни ќе бидат во акционерската книга.

    НЛБ банка има издадено 854.061 обична акција.

    Инаку, од добивката пари се двојат и за други намени – за задржана добивка за инвестициски вложувања 3,75 милиони евра и за општ резервен фонд – 11,93 милиони евра.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично