ПОВЕЌЕ

    Дигиталната економија: Економија на иднината

    Време зa читање: 2 минути

    Дигиталната револуција го промени светот и начинот на кој луѓето размислуваат, функционираат и живеат. Еден од резултатите на дигиталната револуција е развојот на дигиталната економија.

    Со оглед на тоа што дигитализацијата се инфилтрираше во сите сегменти на општеството, таа не ја заобиколи ниту економијата.

    Новата реалност и времето во кое живееме во услови на Ковид 19, дополнително ја потврди тезата на бројни експерти дека само иновативни компании ќе преживеат на идниот економски пазар, поточно оние кои секогаш се пред традиционалните деловни методи.

    Со дигиталната економија управуваат лидери, оние што учат, размислуваат и дејствуваат сосема поинаку од нивните претходници.

    Компаниите кои сакаат да преживеат, мора да се придржуваат кон новите правила, а дигиталната економија може да доведе до значителни деловни резултати, како што се: намалување на трошоците од дури 39 проценти, раст на продуктивноста, подобрување на односите со клиентите, како и развој на нови стратешки модели.

    Покрај лидери со академски вештини, на компаниите ќе им бидат потребни  креативни лидери, кои ќе можат да ги следат брзината на настаните во деловниот свет со своите напредни идеи. Информатичките технологии создаваат нови работни места, а со тоа се создаваат нови деловни школи кои ги едуцираат луѓето за новата економија со цел да  создадат лидери на иднината.

    Новиот модел можеби најдобро го опишува мотото: „Само оние што донесуваат промени ќе опстанат“, за разлика од претходните модели кога правилото беше дека „опстануваат само оние што се прилагодуваат на промената“.

    Дигиталната економија го менува светот и со неа треба да се бават визионери кои размислуваат вон стандардните рамки.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично