
Маја С. Штериева, член на Управниот одбор на Комерцијална банка, зборува за една од најчесто погрешно разбрани теми – дигитализацијата во банкарството. Таа посочува дека клучната пречка не е финансирањето, туку недостигот на квалификуван ИТ – кадар и неможноста на банките и државните институции да конкурираат со глобалните компании. Ова ја открива пошироката слика за тоа зошто технолошкиот напредок е човечки, а не само технички предизвик.
„ Сега ќе влезам во една тима која мислам не е баш посакувана за дискусија, а се однесува на бруто платите и нето платите и даноците и придонесите. Имаме 5.000 студенти, но многу од луѓето во IT индустријата, верувам дека тука Комората која ги застапува интересите на оваа заедница, сигурно нема да се согласи со мене, ние имаме голем дел од работниците во тој сектор кој што се на бруто плати, кој што се со персоналец и јас не знам како да бидам конкурентна за IT инженерите кој што треба да ги вработиме во банките или во било која друга институција, а државата уште помалку може да биде конкурентна. Кога некоја странска компанија ќе го плати 5.000 евра бруто, тој ќе плати персоналец и се останато ќе му остане и ќе може слободно да одлучува дали сака да уплаќа пензиско осигурување, здравствено осигурување и така на така. А јас кога ќе го вработам или државата кога ќе го вработи, еве Министерот за информатичко општество, ќе мора да плати и пензиско и здравствено…“
Следете нè и притиснете „subscribe“
Аналитика








